Вујановиќ и официјално го започна третиот претседателски мандат
Старо-новиот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ го започна својот нов претседателски мандат.
Тој вчера положи свечена заклетва и го започна својот трет претседателски мандат.
За време на неговата инаугурација имаше протестен марш од Подгорица до Цетиње каде граѓаните го искажаа своето незадоволство од моменталната состојба во Црна Гора.