Стевчо распали по Тито: Во Идризово има место и за тебе и за жена ти
НСДП е партија која е пред распаѓање. Без инфраструктура и без ориентација. Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски возврати на обвинувањата на Тито Петковски дека наврзо ќе заврши во затвор ако не одработи за ВМРО-ДПМНЕ„
НСДСП е полужива партија која до тој степен е умртвена што не знае да си напише сопствено соопштение туку служи како обичен поштар на дезориентираната СДСМ и им ги пренесува истите клевети и лаги кои ги срочуваат во нивната централа против градоначалникот Јакимовски. Стевчо Јакимовски не бил слуга ниту на Бранко Црвенковски, ниту на Никола Груевски. Единствено на кого им слугува се граѓаните.“ Ова е реакцијата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на заканите на НСДП дека го чекал топол престој во Идризово и дека банкротирал многу фирми поради општинските долгови. „Главниот слуга слуга на Никола Груевски што го сруши СДСМ беше токму Тито Петковски кој во 2006-та година му одзеде на Социјалдемократскиот сојуз седум пратеници и со тоа го собори од власт. Веројатно Петковски се повикува на сопственото искуство во изминатите осум години и мисли дека треба и други да се однесуваат како него. Ако од некого пропати СДСМ во минатите години тоа беше токму од Тито Петковски и неговата квислиншка улога што ја имаше во периодот 2006-2009 година.“ - стои во реакцијата на Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа