Најчестите грешки кои мажите ги прават при мастурбација

 
Еден 29-годишен маж завршил во болница откако 2 дена повраќал, имал треска и отекување на пенисот. Откако бил прегледан му била дијагностицирана посебна бактериска инфекција. Како ја добил? Од премногу честа мастурбација. Толку многу мастурбирал по што направил ранички на пенисот, погодни за развивање на бактерии. Затоа кога се самозадоволувате внимавајте да не претерате.
 
Не стискајте премногу
 
Дури 60 проценти на фрактурите на пенисот настануваат при мастурбација поради лошо движење и премногу јак стисок. Многу мажи се самозадоволуваат под погрешен агол што предизвикува оштетување на пенисот, па дури и перманентно губење на неговата функција.
 
 
Сменете ја раката
 
Мажите често користат само една рака со цел што побрзо и полесно да се доведат до оргазам. Но, тоа може да има негативни последици затоа што пенисот се навикнува само на едно движење и потоа не може да се стимулира на друг начин.
 
НЕ – за мастурбација на суво
 
Самозадоволувањето на суво може да предизвика рани и пукнатини на кожата, црвенило и болка. За да ги избегнете овие негативни ефекти користете лубрикант кој ќе ви го зголеми задоволството, а воедно нема да биде штетен за пенисот.
30.03.2014 - 01:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега