Годишен состанок за озонската обвивка

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска ќе го отвори годишниот состанок на Регионалната мрежа на Канцеларии за заштита на озонската обвивка на земјите од Европа и Централна Азија, што ќе се одржи во Охрид.

Состанокот, кој ќе трае до 23 мај, е дел од одбележувањето на 10-годишнината на постоењето на Регионалната мрежа.

Како што информира МЖСПП, најавено е присуство на 90 учесници од Европа и Централна Азија, високи претставници на UNEP/Секретаријат за заштита на озонската обвивка и на Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, како и експерти од областа на управување на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка од земјите на ЕУ и пошироко.

Состанокот е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата за животна средина при Обединетите Нации (UNEP).

На отварањето ќе се обратат и Марко Гонзалес, извршен секретар на UNEP –Секретаријат за озон и Сиди Менад Си-Ахмед од UNIDO.

ФОТО: Денешен

најчитано сега