Седум лица го оштетиле буџетот за 3 милиони денари - детали за големата акција во Скопје

 

Поголема група лица осомничени за злоупотреба на земјоделски субвенции е уапсени во текот на ноќта. Како што дозна Пресс24, уапсени се лица вработени во Агенцијата за ветеринарство како и во Инспекторатот за земјоделие.

Денеска од полицијата информираат дејка е спроведена акција под име “Тера“ со цел лишување од слобода на вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието, при што до ОЈО Скопје ќе биде поднесена  кривична пријава против 71-годишниот А.Ш. од Блаце и 38-годишниот Б.Ш. од Блаце поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично  дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“, 45-годишниот Д.А.од Скопје, одговорно лице од Ветеринарната болница ДОО Скопје, 49-годишниот скопајнец Н.Б. државен инспектор за земјоделство во ДИЗ – МЗШВ, 51 -годишниот Б.Р.од Липково, Куманово вработен во Подрачна единица – Чаир при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „Фалсификување на службена исправа“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“, 45-годишниот Т.К. од Скопје-раководител во секторот за здраствена заштита и благосостојба на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и 37-годишниот З.Д.од Скопје, управител – одговорно лице во Вет Медика ЗиА – општина Јагуновце, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Фалсификување на службена исправа“.

Првите двајца пријавени во период од 2008 до 2010 година, при аплицирање за добивање субвенции за сточен добиток до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, давале лажни податоци за поседување на поголем број на жив добиток-овци и јагниња, кои реално не го поседувале, а во ваквата измама биле потпомогнати од останатите пријавени службени лица во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Ветеринарна станица и Агенцијата за храна и ветеринарство кои со противзаконито работење им овозможиле да ја реализираат измамата. 

Пријавениот Д.А. како управител на Ветеринарна болница ја злоупотребил службената положба и овластување и извршил фалсификување на службена исправа на тој начин што постапувајќи спротивно на чл.16 од Правилникот за идентификација и регистрација на животни од видот кози и овци, а вв чл.21 од Законот за идентификација и регистрација на животни од видот кози и овци, не извршил правилно обележување на добитокот со ушни маркици ниту пак имал пописни листи за годините 2008 и 2010 година за првопријавените и внесувал невистинити податоци во базата на податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство. Пријавениот З.Д. како одговорно лице во ветеринарна станица, извршил фалификување на службена исправа, внесувајќи во пописните листи невиситинити податоци за добитокот кој го поседувале двете лица од село Блаце. Т.К. како раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при Агенцијата за храна и ветеринарство ја злоупотребил службената положба со неизвршување на службената должност, односно не наредил ниту иницирал инспекција/контрола на овластената организација-Ветеринарна болница или контрола на лице место на одгледувалиштата на првоосомничените, а и спротивно на наведениот Закон не ја контролирал и ажурирал компјутерската база на податоци за идентификација и регистрација на добитокот врз основа на кои податоци АФПЗРР врши исплата на субвенции. Н.Б. и Б.Р. како службени лица во Државниот инспекторат за земјоделие при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја злупотребиле службената положба и овластување, односно извршиле фалсификување на Записници за извршен инспекциски надзор во кои внесувале невистинити податоци за извршен инспекциски надзор и утврдена состојба за добитокот.

На овој начин пријавените службени лица, на сопствениците на стадото за период од 2008 до 2010 година им овозможиле да прибават противправна имотна корист во износ од 3.357.226денари на штета на Буџетот на Р.Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

 

26.03.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега