Голема акција во Скопје: Уапсени сточари, ветеринари и државни службеници

 

Поголема група лица осомничени за злоупотреба на земјоделски субвенции е уапсени во текот на ноќта, дознава Пресс24 од полициски извори. Синоќа околу полноќ нашата екипа забележа огромна раздвиженост на полицијата во главниот град но потврдата за реализираната акција стигна дури утринава.

Според првичните информации уапсени се лица вработени во Агенцијата за ветеринарство како и во Инспекторатот за земјоделие.

Инволвирани во организираниот криминал биле неколку приватни ветеринарни станици но и сопственици на овци и друга стока. 

Официјални и поконкретни информации од полицијата се најавуваат за подоцна во текот на денот.

26.03.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега