Кривична за командир во полициската станица во Драчево -еве што се случило
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 47-годишниот А.Д. од Скопје, командир во Полициската станица Драчево“ за злоупотреба на службената положба.
Откако на 5-ти јануари годинава во Долно Количани дошло до физичка пресметка помеѓу О.М. и М.Б. за што полициските службеници издале соодветни обрасци за констатиран прекршок „предизвикување, поттикнување и учество во тепачка“, по десетина дена пријавениот неправилно и незаконски наредил преквалификација на настанот од тепачка во физички напад и на овој начин О.М. се стекна со корист од 300 евра, а на М.Б. му е причинета штета од 600 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа