Утврден идентитетот на тројцата загинати во сообраќајката пред Радовиш

 

Полицијата го потврди идентитетот на тројцата загинати во тешката сообраќајка која вчера попладне се случи во Радовишко. Според информациите, сообраќајката била фатална за 62-годишниот струмичанец Н.М. кој бил сопатник во Шкодата.  На лице место починале и сопатниците во Мерцедесот 47-годишниот Р.Р. од Злеово и 25-годишниот Е.Т. од Сушево.

Полицијата потврди дека со тешки телесни повреди во се префрлени 58-годишниот З.Б. од Струмица, кој упавуал со автомобилот Шкода Октавија и 44-годишниот А.А. од радовишкото село Злеово кој го возел Мерцедесот.

Несреќата се случи вчера во попладневните часови, кога двата авотмобили директно се судириле, и притоа се целосно уништени. Според извори од местото на настанот пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата.

Фотографии од местото на настанот, погледнете тука

25.03.2014 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега