Трагедија во Битола: Жена се фрли од зграда

 

54 годишна жена попладнево си го одзема животот фрлајќи се од т.н. докторска зграда која се наоѓа веднаш до Клиничката болница во Битола. Според информациите од полицијата, станува збор за 54 годишната Ј.М која не живеела во зградата од која се фрлила. На лие место пристигнала медицинска екипа како и истражен судија. Откако констатирале смрт, телото е предадено на обдукција. Во последниве 2 години од истата зграда во Битола се фрлиле 4 лица. 
Полицијата го потврдува случајот но нема информации за мотивите за самоубиството. Повеќе детали за најавуваат за утре

24.03.2014 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега