Докторката заслужува награда - сведоштва за трагедијата пред Струмица
Три лица загинаа а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна попладнево на патот Струмица - Радовиш во близина на селото Радичево.
Според првичните неофицијални информации во судирот помеѓу возилата марка Мерцедес и Шкода Октавија на лице место загинале тројца од сопатниците додека возачите и на двете возила со тешки телесни повреди се префрлени во струмичката болница.
Луѓето кои се нашле на местото на настанот непосредно по несреќата велат дека глетката била страотна.
-Кога дојдовме несреќата веќе беше случена. Ние се симнавме а шоферот се качи на колата и докторката да и е алал им даде прва помош и помогна. Тие доктори и шофери се за наградување. Кога дојдовме еден веќе имаше извадено на патот, а другото лице колата беше на страна, едни со шлемови помагаа да исечат. За да помогне одозгора се качи и шоферот од Радовиш, исекоа што треба и го извадија. Едната нога му беше заглавена. Го извадија и седиштето а потоа го ставија на количка, човекот беше при свест, само офкаше, рече едно од лицата кое пристигнало непосредно по несреќата
Причините поради кои дошло до несреќата сеуште се утврдуваат. Поради увидот овој дел од патниот правец беше затворен за сообраќај, а возилата од страна на полицијата беа пренасочувани на стариот пат Струмица Радовиш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа