Откриена причината поради која било претепано тригодишното детенце од Скопје
Големата трагедија која ја потресе Македонија, откако скопјанец претепа тригодишно бебе до смрт, се случила бидејќи детенцето се измокрило на тепих! Како што јавува Канал5, соседот на малото бебенце решил да крене рака на него и да го претепа со електричен кабел бидејќи тоа се измкрило на тепихот во собата.
-Двајцата осомничени маж и жена кои ги чувале трите деца на сосетката со која делеле ист покрив се во притвор. Мажот кој е осомничен дека го претепал девојчето немал никакви документи па треба да му се изврши идентификација. Нивните три деца од кои едно е седуммесечно бебе во моментов се згрижени од Центарот за социјални работи, односно, се во згрижувачки семејства, пишува Канал 5.
Сопружниците ги чувале децата додека нивната мајка била на работа. По трагечниот настан тие раскажале дека бебенцето паднало по скали, со цел да се извлечат од вината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа