По 3.000 евра за отварање сопствен бизнис во рамки на „Самовработување 2014 година“
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, денеска во Агенцијата за вработување информираше дека речиси 950 невработени лица кои активно бараат работа годинава ќе бидат обучени за отворање на сопствен бизнис во рамките на Програмата „Самовработување 2014 година“. Секој од нив ќе добие грант од околу 3.000 евра за отворање бизнис, а доколку вработи уште едно лице и дополнителни 1.500 евра.
Обуката ќе трае четири дена, а посетителите ќе се запознаат со начинот на водење на бизнис и сметководство, односно како се разавива бизнисот и се смислува бизнис идеа, за на крај да изрботат бизнис план кој ако биде успешен ќе биде финансиран со 3.000 евра. На најдобрите 50 бизнис планови им се нуди можност за дополнително едно вработување во рамките на нивното новоформирано претпријатие, односно дополнителна финансиска поддршка во износ од 1.500 евра.
- Ова е еден од проектите кој има особена поддршка и залагање од страна на Владата. Во периодот од 2007 до 2013 преку Програмата за самовработување беа формирани вкупно 5.835 микро бизниси, што укажува дека е направен значаен чекор во насока на намалување на невработноста. Особено сме задоволни од стапката на одржливост на отворените бизниси, која за овој период изнесува близу 75 отсто, изјави Пешевски.
Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека целта на Програмата за самовработување е да се намали невработеноста преку обучување и стимулирање на невработените лица за отпочнување на сопствени бизниси.
- Денеска почна обуката на првата група од повеќето групи кои ќе бидат обучувани од првиот оглас за оваа година за самовработување. На обуката што ќе трае четири, а која се одвива под водство на експерти кои им даваат инструкции као, што и колку треба да вложат во својот бизнис за да бидат успешни, рече Поповски.
Програмата за самовработување се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа