Стружанец дома си чувал кокаин

 

Стружанец си заработи кривична пријава за производство и продажба на дрога.

Се работи за 58-годишниот Д.О. од Струга кај кој полицијата при претрес во неговиот дом, пронашла опојна дрога кокаин. Пријавениот кокаинот го спакувал во помали пакувања и ги сокрил на различни места во куќата. Дел од пакувањата биле пронајдени во  ѓезве за кафе, а четири пластични цевки со остатоци од кокаин се забележани во корпа за ѓубре, пренесе МИА.

Д.О. и е познат на полицијата од претходно како сторител на кривични дела.

21.03.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега