Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци без електрична енергија

 

 Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци денеска ќе останат без струја поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа. 

Како што информира ЕВН Македонија, 110/10 киловолтната трафостаница Валандово  од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани Богданци“. 

По приклучувањето на ветерниците ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија. Прекинот ќе трае од5 до 7 часот.

21.03.2014 - 09:15
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега