Никој не пиел алкохол: Тече истрагата за сообраќајката во која загина голманот Милошевски

 

Ниту еден од учесниците во сообраќајната несреќа во која загина голманот Петар Милошевски не бил под дејство на алкохол, покажала истрагата.

„Досегашниот тек на истрагата потврдила дека ниту претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој го управувал службеното возило пежо 508, ниту возачот на џипот не биле под дејство на алкохол кога се случила сообраќајната несреќа кај Куманово. Обвинителството во Куманово ги очекува видеоснимките од безбедносните камери кои ја покриваат делницата од патот Крива Паланка-Куманово, но и снимките од камерите што се инсталирани на околните стопански објекти. Во тек се и детални прегледи и вештачења на возилата, за да се утврдат причините поради кои дошло до судирот на двете возила", пишува Утрински.

Истрагата ја води кумановското обвинителство, а јавниот обвинител Сузана Кусиѓарска вели дека случајот има итен третман и дека му се приоѓа внимателно.

Таа потврдува дека нема други очевидци на незгодата од минатиот четврток, а поради карактерот на повредите сè уште не се распрашани ниту сопатниците во возилото на ФФМ и возачот на другото возило

 

 

20.03.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега