ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов овозможувал бизнис и за Заеви

 

Петре Шилегов овозможил бизнис и на фирма од кланот Заеви.

Ако вчера презентиравме документи во кои јасно се гледа дека Шилегов скоро секогаш одлучувал по жалбите во корист на фирмата Семос, сега гледаме дека тој обезбедувал тендери и на други фирми блиски до СДСМ. Шилегов како Претседател на второстепената комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ одлучил голем тендер да добие фирмата од кланот Заеви, Јавор Шпед. Очигледно Шилегов бил адвокатот на богаташите од СДСМ, кој бил задолжен да им ги осигура јавните набавки на фирмите блиски до СДСМ. Денес презентираме уште една скандалозна одлука на Шилегов. Имено ова е решение со број 46-1479/2 донесено на 28.11.2005 година каде што стои потписот на Петре Шилегов, а со кое жалбата за набавка на екстра лесно масло за греење за потребите на училиштата во Општина Струмица на Макпетрол се одбива и добитник на јавната набавка е фирмата Јавор Шпед - фирма блиска до кланот Заеви. Еве го решението. Погледнете тука стои потписот на Петре Шилегов со кое жалбата на Макпетрол се одбива, без детално образложение и со едно единствено зборче жалбата се одбива како неоснована.

 

Најповолен понудувач  е фирмата ДТУ Јавор Шпед Струмица. Фирма капитално врзана со кланот Заеви. Сопственик на Јавор Шпед е Горан Крстев, кој е близок пријател на Зоран Заев и бизнис ортак со Вице Заев во три фирми. Значи фирма чиј сопственик е капитално врзан со Заеви, со помош на потписот на Шилегов добива огромен бизнис за греење на училиштата во Општина Струмица.

 

Со ова Петре Шилегов го заслужи местото главен адвокат и портпарол на кланот Заеви  и милионерите на СДСМ. За потсетување, Горан Крстев пред еден месец беше во средиштето на аферата каде се откри дека Зоран Заев токму на овој човек му продал земјиште по цена од едно евро за м2 а овој истото го препродал по  4 пати повисока цена.

 

И исто така Горан Крстев е човек кој беше вмешан и во аферата Глобал, за која Зоран Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски.

Почитувани,

Од страна на Петре Шилегов и СДСМ имаме апсолутен молк .

 

А прашањето е едноставно: како со минимална плата Петре Шилегов успеал да се стекне со куќа од 313 м2, стан од 88 м2 и автомобили мерцедес и ауди?

 

Ова не е имот за средна класа каков што се труди да се престави г-динот Шилегов. Ова е имот кој може да го стекне само богат бизнисмен или човек кој на нечесен начин заработувал пари. Ние јавно прашавме дали потписите на Шилегов на решението со кој обезбедува бизниси на фирмата на сопругата на Црвенковски се тие кои му овозможиле на Шилегов да се стекне со вакво богатство. Но работата е што не е само СЕМОС. Тука е фирмата Јавор Шпед.

 

Јалови се обидите на Шилегов да се извади од оваа мега афера. Ако Семос беше случајност, како што самиот кажа една од 3.000 те жалби за која одлучувал Шилегов, тогаш што е Јавор Шпед, фирма директно поврзана со кланот Заеви. Очигледно дека наградата за трудот со раководењето со второстепената владина комисија за жалби за јавни набавки е позицијата главен адвокат и портпарол на кланот Заеви  и милионерите на СДСМ. Шилегов треба да каже дали ваквите негови одлуки со кои овозможувал бизниси на луѓе од СДСМ и луѓе кои се блиски до оваа партија  се причината за несразмерно големиот имот на Шилегов. Едно е јасно толкав имот со чесно заработена минимална плата е невозможно да се стекне

(Интегрален текст од прес конференција на Сашо Трпески, ВМРО-ДПМНЕ)

19.03.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега