Втора конференција за контролинг со хуманитарен карактер

На 31. мај ќе се одржи втората конференција за контролинг со хуманитарен карактер. Темата на оваа конференција е контролинг - концепт за успешно одлучување и управување.

Собраните средства од конференцијата ќе бидат наменети за лекување на Искра Донева, која има церебрална парализа. За подобрување на нејзината здравствена состојба и е потребна трансплантација на матични клетки. За лекувањето на Донева во Москва се потребни околу 70.000 евра.Повеќе информации на http:\\iskradoneva.webs.com/donation.htm.

Организатори на конференцијата се Трипле С Гроуп и Алтиус советување од „Загреб, во соработка со Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, Нова Искра Скопје.

На конференцијата ќе се расправа за контролингот како носител на успехот, кому му е потребен контролингот, информатичката технологија и контролингот, контролингот на човековите податоци, контролинг на трошоци.

 

најчитано сега