Јанкулоска ќе ја посети Комората за приватно обезбедување

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе ја посети Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.

Јанкулоска ќе оствари средба со првиот човек на оваа асоцијација Верица Милеска Стефановска.

Според најавите од МВР, на средбата ќе се разговара за евентуалните ангажмани на агенциите за обезбедување од страна на политичките субјекти кои ќе учествуваат на претстојните избори и за максималното спроведување и почитување на изборните закони.

15.03.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега