Србин загина борејќи се против режимот на Асад во Сирија

 

Српскиот државјанин од Нови Пазар, Елдар (Есад) Кундаковиќ е убиен во Сирија, како припадник на бунтовничките сили кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, објавија локалните медиуми.

 27-годишниот Кундаковиќ на „14 мај заминал на пат на Алах во Сирија“. Тој во Сирија заминал пред три месеци, а во Нови Пазар требало да се врати до крајот на месецов за да се ожени.

Белградскиот весник „Вечерње новости“ објави дека многу момчиња од регионот на Санџак доброволно заминале да се борат против режимот на Асад. Тие биле регрутирани од екстремистички групи од арапските земји преку вехабистички и други верски движења. Никој точно не знае колку лица од Санџак војуваат во Сирија и преку кои канали заминуваат, наведува весникот.

 

најчитано сега