Саша Ќириќ два часа го држел во раце телото на Петар Милошевски

 

За да се извади телото на Милошевски од пежото, биле потребни околу два часа вели за Канал 5 директорот на ФК Вардар, Ѓоко Хаџиевски кој денеска дојде на местото на несреќата лично да дознае како се случила. Од него, за Милошевски само пофални зборови.

-Петар го знам од неговата 10-та година, го чувствувам како мој син кој на 16 годишна возраст заигра за првиот тим на Пелистер во втора лига, голем хуманитарец и професионалец. За сите тие два часа Ќириќ го држел во раце, го држел за глава меѓутоа кога дошле докторите констатирале дека нема пулс, најверојатно од судска медицина ќе кажат која е причината. Во секој случај преголема загуба од многу аспекти, како човек, како татко, како сопруг, како другар, како спортиста, историја за македонскиот фудбал, изјави za Kanal 5 Ѓоко Хаџиевски, спортски директор на ФК Вардар

Полициската истрага допрва ќе ги утврдува причините за несреќата.

14.03.2014 - 22:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега