Македонските кардиохирурзи ќе учат од врвни италијански колеги

 

Реномираните италијански кардиохирурзи Роберто Чини и Антонино Маруло директно ќе бидат вклучени во проектот Државна кардиохирургија. Тие ќе ги едуцираат македонските доктори преку пренесување на своето знаење, искуство, вештини и методи на работа.

Ова е договорено на денешната средба со премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров како дел од владината заложба за соработка на домашните со врвни медицински центри и стручњаци во светот.

Премиерот Груевски на средбата истакна дека значаен приоритет и заложба на Владата е унапредување на капацитетите и усовршување на кадрите преку осознавање и примена на нови методи во здравството. Премиерот Груевски на докторите Чини и Маруло им посака успешен почеток и работа и добра соработка со македонските кардиохирурзи, додекаиталијанските доктори изразија подготвеност да ги пренесат своите знаења и да ги имплементираат новите методи на работа кои се применуваат во врвните центри, како и верба во капацитетот и подготвеноста на македонските лекари и нивната желба за напредок.

14.03.2014 - 15:45
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега