Министерот Попоски оствари средба со делегација од полското МНР

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со делегација од полското МНР, предводена од државниот потсекретар Хенрика Мошчицка Дендис, задолжена за европска политика, човекови права и парламентарни работи.

На средбата министерот Попоски и потсекретарот Мошчицка Дендис ги разгледаа севкупните билатерални односи и изразија заемно задоволство од нивото на односите и соработката меѓу Македонија и Полска.На средбата беше потенцирано значењето на активниот политички дијалог и успешното одвивање на соработката во рамките на полско-македонската “Скопска конференција“ за пренесување на искуствата од евроинтегративниот процес.

Двајцата разговарале и за евроатлантската перспектива на Република Македонија, за регионалната соработка и за случувањата во регионот на Западен Балкан и на Источното партнерство.

Во рамките на посетата, предвидено е одржување на политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Полска, предводени од заменик министерот Зоран Петров и државниот потсекретар Мошчицка Дендис.

Како што стои во соопштението за време на престојот на потсекретарот Мошчицка Дендис во Македонија, свечено ќе биде отворен новиот објект на Амбасадата на Република Полска во Скопје.

14.03.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега