Сончев петок - денеска 22 степени

 

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје слично време, сончево и релативно топло. Утринската температура ќе се спушти до околу нулата, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево и уште потопло, а извесна промена на временската состојба се очекува во недела кога ќе има зголемена облачност, засилен северен ветер и пад на дневната температура за неколку степени. 

14.03.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега