Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора.
„Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР.
Во масакрот убиени беа 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години. Четири лица се во болница, од кои едно е во многу критична состојба.
Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост, а откажани се голем број настани.
02.01.2025 - 13:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа