Имам ќерка која без да знае ја има насмевката на човекот што го сакам...

Приказна која ги разнежнува вашите партнери со која ќе им покажете дека без нив животот не би имал смисла.

“Имам ќерка, која ја има истата коса и очи како моите. Имам ќерка, која без да знае ја има насмевката на човекот, кого многу го сакам – татко и. Имам ќерка, која без да знае откина дел од мене и сега се развива себе си така, и го носи секаде како малото кебенце. Секој ден додавам по едно бело влакно во инаку црната коса, по една насмевка и по една воздишка во историјата на мојата душа. И секој ден ја гледам и се прашувам колку ќе биде сјајна нејзината коса, дали ќе оди исто како мене, дали ќе го има неговиот поглед…

И правам мали магии за среќа. Не успевам да ја одбранам од времето и од сопстевните стравови. И секој ден разбирам дека сум немоќна да бидам нешто повеќе од мајка. Немоќна да бидам видовита, волшебничка, но сепак правам се за да ја заштитам. Ќе порасне бргу и ќе се слизне од моите раце. Ќе ме прободе во стомакот со првите гневни зборови, потоа ќе се врати, за да ме бакне.

А јас ќе чекам. Од вечер, до рано наутро. Да се врати. И ќе остарам, ќе остареме. И јас и тој. Додека ја чекаме. Додека знаеме дека не сме волшебници, бајачи и осигурителни компании. Дека не сме чадори за да не се намокри. Не можеме да и ги заштитиме колената за да не се изгребе. Ние сме само јас и тој. А таа е нашето девојче…”

Извор: Курир

13.03.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега