Претседателот Иванов за 8 дена посети повеќе од 70 населени места во Македонија

 

Претседателот Ѓорге Иванов во изминативе осум дена посети 22 општини на територијата на Република Македонија, 16 градови и над 50 села. 
 
Почнувајќи од јужниот дел на Македонија, Иванов ги посети општините Валандово, Дојран, Богданци, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Росоман, Кавадарци, Градско, Чашка, Велес, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Демир Хисар, Битола, Новаци, Могила и Македонски Брод, Кочани, Виница и Пробиштип.
 
При посетата на секоја од овие општини, македонскиот претседател остваруваше средби со жителите на околните села. 
 
Посетите на македонските градови и села, претседателот Иванов ги започна со посета на манастирот „Св. Ѓорге“ во неговото родно Валандово,  и со посетата на џамијата во валандовско Дедели. Во општина Валандово, покрај Дедели, Иванов  ги посети и селата Удово и Чалакли.
 
Во општина Дојран Иванов оствари средби со жителите на Стар Дојран и селата Фурка и  Ѓопчели. Од Дојран, македонскиот претседател замина во посета на општина Богданци, при што ги посети и жителите на село Стојаково. По преноќувањето во Гевгелија македонскиот претседател ги посети гевгелиските села Моин, Мрзенци, Негорци и Прдејци.
 
По Гевгелија, претседателот Иванов замина во посета на Демир Капија, каде оствари средба со жителите на селата Прждево, Бистринци и Корешница.
 
Од Демир Капија претседателот Иванов замина за Неготино. По преноќувањето во Неготино, македонскиот претседател  оствари средба со жителите на неготинските села Дисан, Тимјаник, Тремник,  Војшанце, Пепелиште и Криволак.
 
Од Неготино македонскиот претседател ја продолжи посетата во општина Росоман каде оствари средба со граѓани. По преноќувањето во Неготино, претседателот Иванов посети неколку села: Сопот, Марена, Глишиќ, Возарци и Дреново.
 
Од кавадаречкиот регион, претседателот Иванов замина во посета на Градско, каде покрај со жителите на Градско се сретна и со жителите на село Виничани.
 
По посетата на Градско, ја посети општина Чашка и селото Извор.
 
Следна општина што ја посети Иванов беше Велес, каде одржа предавање на техничко-технолошкиот факултет и оствари средба со бизнис секторот.  Покрај Велешани, Иванов ги посети и жителите на селата Оризари, Раштани, Башино Село, Иванковци, Мамутчево, Караслари и Црквино.
 
Од Велес Иванов замина во посета на Прилеп каде оствари средба со македонските бранители и здружението на пензионери.  По преноќувањето во Прилеп, македонскиот претседател ги посети селата Канатларци, Тополчани и Беровци.
 
По посетата на Прилеп, македонскиот претседател ја посети и општината Кривогаштани, а следна општина во агендата на  претседателот Иванов беше Крушево, при што оствари средба со жителите на селата Бучин и Свето Митрани, Вардино.
 
Од Крушево, Иванов замина во посета на Демир Хисар и ги посети селата Вардино, Суво Дол, Кутретино и Смилево. По преноќувањето во Битола, денеска претседателот Иванов го посети централниот пазар во Битола, населбата Буковски Ливади, оствари средба со здружението на пензионери од Битола како и со група интелектуалци, професори и студенти. Потоа,  македонскиот претседател ги посети селата  Бистрица, Кравари  и  Долно Оризари.  
 
Покрај Битола, Иванов ги посети и општините Могила и Новаци, каде оствари средба со жителите на селата Домбромири, и Долно Српци. Потоа македонскиот претседател го посети Македонски Брод.
 
Наредна општина која ја посети е Кочани. Во околината на Кочани беа посетени селата Оризари, Прибачево и Тркање, по што македонскиот претседател ја посети Виници, каде притоа оствари средба и со жителите на сели Јакимово.
 
Од Виница, македонскиот претседател замина во посета на градот Пробиштип, со што се заокружи денешната агенда.

Во изминатата недела,  со Иванов кој е прв македонски претседател што воопшто бил во посета на голем дел од овие македонски села, имаа можност да поразговараат земјоделци, занаетчии, шумски работници. Го споделија нивното мислење околу досегашните активности и политики на Иванов, но истовремено разменија мислења за актуелните прашања, владините мерки, и предлагаа начини и даваа идеи за унапредување на нивната положба и статус. На средбите со македонскиот претседател, населението ги изнесе и проблемите со кои се соочуваат во секојдневното функционирање и се разговараше за можните начини за нивно надминување.

Претседателот Иванов имаше можност да оствари средби со млади луѓе, со студенти, професори, интелектуалци, како и со неколку здруженија на пензионери.
 
За можностите и перспективите за унапредување на економскиот развој во овие региони на државата беа размени мислења со домашните стопанственици и бизнисмени.
 
Градоначалниците, пак, го информираа претседателот за нивните активности со цел локален развој и унапредување на животниот стандард на  жителите од овие региони.

На средбите што ги имаше Иванов со граѓаните беше искажано задоволство од подобрувањето на инфраструктурата, изградбата на нови индустриски капацитети во нивните средини и севкупното осовременување на населените места, со укажување дека актуелните и идни проекти нудат реална перспектива и развој на средините во кои живеат.

МИА

11.03.2014 - 14:28
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега