Пукање во американска воена база, напаѓачот е војник

 

Пет војници беа ранети во пукотница во воената база Форт Стјуарт во Џорџија денес, потврдија американските власти на вонредна прес-конференција. Војниците се надвор од животна опасност, а тројца се оперирани и се очекува целосно да се опорават.

Осомничениот за нападот е Кворнелиус Радфорд, 28-годишен наредник и специјалист за автоматизирана логистика кој служи во Втората борбена бригада, стационирана во Форт Стјуарт.

Според официјалните записи, Радфорд никогаш не бил распореден во борбена мисија. Истражителите се сомневаат дека користел личен пиштол, а не службено оружје.

06.08.2025 - 23:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега