Вељановски се сретна со на Ад-хок комисијата за набљудување на изборите
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска се сретна со членовите на Делегацијата на Ад-хок комисијата за набљудување на изборите од Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена Штефан Шенах, пратеник од Република Австрија.
Во состав на Делегацијата се и Роберт Валтер од Велика Британија известител на Мониторинг комисијата за Република Македонија, Маргус Хансон, пратеник од Република Естонија и Шабан Дисли, пратеник од Република Турција. На средбата со нив Вељановски ги информирал за актуелната состојба во однос на распишаните претседателски и предвремени парламентарни избори во Република Македонија, за отпочнување на изборниот процес со претходно утврдени изборни правила прифатени и од власта и од опозицијата, како особено значајно за успешно реализирање на изборниот процес.
Соговорниците размениле мислење за повеќе прашања, меѓу кои иницијативата и причината за распишување предвремени парламентарни избори, активностите на работната група формирана во месец април, прифатливоста на предвремените парламентарни избори за сите политички партии, застапеноста во изборниот процес и во новиот собраниски состав на припадници од помалите етнички заедници, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа