Советувањето на родителите и учениците дава резултати

 

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска изјави дека советувањето на учениците и родителите оваа учебна година е тројно зголемено од минатата со оглед на тоа дека во учебната 2012/2013 година имало 6.932 повикувања за советување на родители и ученици, додека оваа учебна година, заклучно со февруари имало 18.774 повикувања, од кои 8.490 биле во основните и 10.284 во средните училишта.

- Во најголема мера се должи на заложбите на Министерството за образование и наука и Владата за зајакнување на психолошко-педагошките сллужби во училиштата, преку обезбедување на профилите педагог и психилог во сите училишта каде што досега не постоеја. Од вкупно потребните 294 стручни лица, според проекциите од минатата година, веќе се ангажирани нови 70 психолози, 105 се планирани за оваа учебна година, а дополнителни 119 за 2015 година, рече Ристовски.

Ристовски истакнува дека со помош на советувањето родителот добива совети за тоа каков пристап треба да има во едукацијата, односно во воспитувањето на своето дете, со што повторно се вклучува во системот и се овозможува негова поголема заинтересираност и информираност, која резултира со поквалитетно и повисоко образование за неговото дете, додека ученикот се советува заради превенција, коригирање на одредени облици на однесување и адаптација на училишната средина.

– Има значително подобрување во информираноста на родителот за однесувањето, поведението и квалитетот на образование и посетуваност на наставата кај ученици. Се намалува процентот на родители во однос на тоа дали треба или не треба да одат на советувањето  и дали треба да очекуваат пораст на квалитетот на статусот на нивните деца, истакна Ристовски, посочувајќи дека процесот ќе продолжи да се имплеметира и да ги дава очекуваните резултати.

11.03.2014 - 13:55
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега