Јанкулоска: Кандидатите за пилоти покажаа одлична физичка подготвеност

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска ги посети кандидатите за пилоти кои започнаа со проверките на физичката подготвеност.

-Кандидатите покажаа добра физичка подготвеност, но потребно е да се исполнат и другите критериуми, така што се уште е рано поконкретно да се зборува. Од она што имав можност да го видам, постои квалитетна конкуренција и ќе имаме квалитетен избор, изјави министерката.

По физичките проверки, следуваат тестирањата од останатите фази за 466 кандидати од кои најголемито дел се пријавиле по електронски пат. Од вкупниот број на пријавени, 59 се жени кои веруваат дека небото не познава граници и се пријавени на конкурсот за пилоти.

11.03.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега