Почина поранешниот романски претседател Јон Илиеску
Поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, почина денеска на 96-годишна возраст, објави претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД), Сорин Гриндеану.
Илиеску беше примен во болница во почетокот на јуни, каде што беше подложен на операција поради рак на белите дробови, а во последните неколку дена неговата состојба се влоши.
Јон Илиеску беше првиот претседател на Романија избран по Револуцијата во 1989 година, со која беше соборен режимот на Николае Чаушеску. Илиеску беше претседател на Романија двапати – од 1990 до 1996 година и од 2000 до 2004 година.
05.08.2025 - 20:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа