„Балканот не е мртов“ ја освои Шведска
Македонскиот филм „Балканот не е мртов” од Александар Поповски се прикажа на фестивалот БаНеФФ во Стокхолм, Шведска.
Поради големиот интерес, филмот ќе се прикажува и во други градови во Шведска, како и на територијата екс југословенските републики преку дистрибутерската компанија ЕУРОФИЛМ од Белград, Србија која ги откупи кино и телевизиските права за негово прикажување, информираат од „Кино око“.
За потсетување, во филмот улогите ги толкуваат легендарниот Никола Ристановски, Раде Шербеџија, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески.
11.03.2014 - 10:13
Фото:
либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа