Неговиот пенис преголем - Еве што треба да направите!

Иако многу мажи сметаат дека малиот пенис може да биде проблем, мажите кои се натпросечно надарени исто така се сочуваат со проблеми поради големината на пенисот за време на сексот, како и нивните партнерки.

Сексуалниот однос со маж кој има преголем пенис, на многу жени може да им претставува проблем, но тоа не е секогаш така. Секс-експертот Анабела Најт има неколку корисни совети околу тоа како може жената да ужива во сексот ако нејзиниот партнер е натпросечно надарен.

Не ја заборавајте предиграта

На жените им е потребно подолго време за да се возбудат за разлика од мажите, па предиграта во овој случај е од пресудна важност. Многу е едноставно, доколку жената не е доволно возбудена, ни сексот нема да биде како што треба. Предиграта ги опушта мускулите на вагината и стимулира природно вагинално лачење кое во голема мера ќе ја олесни пенетрацијата.

Лубрикантот е вашиот најдобар пријател

"Инвестирајте во некој добар и квалитетен лубрикант. Тие не се скапи, а ќе допринесат многу за вашето сексуално задоволство" - советува експертот Анабела Најт. Колку е повлажна жената, толку ќе биде полесна пенетрацијата и помалку болна.

Само полека

Од огромно значење е мажот со преголем пенис да продира полека и побавно. "Жените обично имаат поголем проблем со предолгите пениси отколку со оние дебелите" - тврди експертот.

За време на пенетрацијата жената може да осети болка што не е воопшто пријатно и поради тоа најважно е машкото да биде што е можно побавно и понежно. Нема потреба да се брза во ваква ситуација.

Најдобри пози

Во овој случај најдобри се оние пози во кои жената има контрола, а една од нив е кога жената е горе, а мажот доле. На тој начин жената може да ја контролира пенетрацијата, длабочината и брзината. Тоа не значи дека постојатно треба да ја практикувате истата поза. Експериментирајте и испробувајте ги позите кои вас лично најмногу ви одговараат за да можете и двајцата еднакво да уживате во сексот.

Бидете внимателни за време на аналниот секс

Многу парови практикуваат анален секс. Кога мажот е премногу надарен тоа би можело да биде исклучително болно, па затоа Анабела Најт советува да бидете уште повнимателни: "Само полека и нежно, поготово ако е прв пат. Жената мора да биде сосема опуштена за да ужива во добриот анален секс. И запомнете, лубрикантот за тука е задолжителен".

За крај, секс-експертот Анабела, додава дека за време на сексот не би требало да има проблеми доколку парот има квалитетна и здрава комуникација и доколку постои разбирање.

10.03.2014 - 21:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега