Русија ќе додели 60 стипендии за македонски граѓани - аплицирајте!

 

Владата на Руската Федерација ќе додели 60 стипендии за македонски граѓани за академската 2014/2015 година.

Како што информира Министерството за образование и наука, 44  стипендии се за редовни додипломски студии, седум за магистерски, осум за специјалистички и една за докторски студии.

- Избраните ќе добиваат месечна стипендија, во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и за руските студенти, соопшти МОН.

Конкурсот е објавен на веб-страниците на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk и на Руската амбасада во Македонија  www.russia.org.mk и ги наведува условите и начинот на аплицирање и потребните документи кои треба да ги достави кандидатот.

Крајниот рок за пријавување е 8 април 2014 година, а интервјуто со пријавените кандидати ќе се одржи на 9 април 2014 во 10 часот во Министерството за образование и наука.

Формуларот за пријавување и листата на студиски области може да се најде на www.russia.edu.ru/enter/2013.

10.03.2014 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега