Македонија ги забрани секси медицинските сестри

 

Нема повеќе секси медицински сестри и лекарки. Се забранува носење на чипки и деколтеа на работните места, пишува Здравство24. На работа ќе одат пристојно облечени по утврден дрес код. Oва е дел од хоспиталната култура која како протокол ќе биде задолжителна за сите јавни зравствени установи.  А протоколот во тој дел предвидува:  шминката да биде дискретна, како и парфемот, со уредна фризура и постојана уредност на лицето на машкиот дел од персоналот. Задолжително носење на кломпи кои се составен дел од работната облека а чорапите да бидат прозирни или бели. Освен стилот на облекување, во иднина бел мантил ќе носат само лекарите. Останатиот персонал ќе има мантили во различни бои за пациентите да не доаѓаат во забуна. Секој здравствен работник ќе носи беџ на кој со поголеми букви е напишано неговото име и презиме, како и установата и одделот од каде припаѓа. обраќањето кон нив ќе биде со доктор Петковски или сестра Стојановска. Тие кон нив пак со господин, госпоѓа и госпоѓице. Министерството за здравство на овој начин сака да воспостави ред во здравствените установи. Хоспиталната култура ќе биде дел и од договорите за работа.

 „Знаете дека сега имаме 800 тини вработувања во здравството од кои најголем број се за среден персонал. На сите нив ќе им биде укажано но ќе бидат и подготвени за овие правила. Ова не само што ќе влезе во нибвните договори за работа туку и во останатите. многу е важен првиот впешаток на пациентот. Секој болен оди во болница оти има мака. И мора кон нив така и да се однесува персоналот. Од проектот таен пациент добивме многу пордатоци за оваа состојба. На една хируршка клиника се пожалија дека лекар им влегол им рекол да не слушне глас до сабајле го изгасил светлото и ја затворил вратата. Подоцна дознавме дека лицето не било лекар, бил со средно образование. Затоа и сакаме да направиме дистинкција и само лекарите да носат бел мантил“, изјави Никола Тодоров министер за здравство

 „Реформите во здравството се неопходни. Воведувањето на хоспиталната култура е добар сегмент со кој треба да се средат состојбите односно односите меѓу здравствените работници и пациентите“, вели Љубиша Каранфиловски претседател на Синдикатот за здравство

 Дел од протоколот ќе почне да важи по објавување во Службен весник. За дел ефектите ќе бидат видливи по 2 до три години. И лекарите и пациентите ќе мора да применуваат љубезност и насмевка кон колегата и пациентот, почитување на титула, забрана за повишување на тонот, чување на професионална тајна…Или лекарите ќе ја сменат досегашната култура на однесување или ќе бидат санкционирани.

најчитано сега