Јанкулоска: Изјавите на Ахмети немаат ништо заедничко со демократското однесување
Сите изјави што ги даваат високите политички функционери во овој изборен период несомнено ќе влијаат на одлуката на граѓаните дали да поддржат сериозен демократски капацитет или да поддржат нешто друго, одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање за изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за тоа дека за нив ќе биде нелегитимен доколку Ѓорге Иванов на претстојните избори биде избран за претседател на Република Македонија.
- Се надевам дека сите изјави кои ги оспоруваат демократските институции на Република Македонија ќе наидат на широка осуда кај мнозинството граѓани. Единствениот коментар на ваква изјава каде што хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери на директни непосредни избори, навистина нема ништо заедничко со демократски капацитет и однесување, изјави Јанкулоска.
Министерката потенцира дека изборите се моментот кога граѓаните треба да одлучат дали поддршката ќе ја дадат на една, друга или трета политичка опција и секој оној кој сака да наметне или спроведува политика, подвлече, единствен начин да го направи тоа е преку слободни, фер и демократски избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа