Комисијата за лустрација ќе ги чешла досиејата на кандидатите за претседател

 

Комисијата за верификација на фактите наскоро ќе ги провери четворицата кандидати за претседател на Македонија, за да се утврди дали некогаш биле соработници на тајните служби.

Комисијата за лустрација на чело со Томе Аџиев ќе ги провери Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ кои се кандидати за претстојните претседателски избори.

Лустраторите ќе мора да ги проверат и сите кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

 

10.03.2014 - 10:07
Фото: 
академик

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега