Откриена ефикасна инjекција против ХИВ

Антиретровирусните инјекции против вирусот ХИВ, кој предизвикува СИДА, потполно ги заштитија од смртоносната зараза лабораториските мајмуни, што претставува пат кон превенција на оваа ужасна болест кај луѓето, соопштија денес американските научници - пренесува Liberty Voice.

Истражувањето, кое беше спроведено од страна на две екипи научници ги покажа истите разулатати. Целосна заштита кај животните кои еднаш месечно ја примале вакцината.

Клиничките испитувања спроведени во последните неколку години покажаа дека луѓето кои имаат серопозитивен партнер конзумираат превентивно мали, антиретровирусни дози во форма на таблетка за да се заштитат од ХИВ во 90 отсто од случаите.

Научниците велат дека таквата заштита не е најсигурна бидејќи некое лице може да заборави да ја прими терапијата која е дневна, а инјекцијата обезбедува целосна заштита против вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) цел месец.

Во новата студија, експертите им давале на лабораториски мајмуни месечна антиретовирална инјекција со продолжен ефект. По терапија утврдиле дека ниту еден мајмун не е инфициран.

Клиничките испитувања на инекциите за луѓе треба да започне во текот на годината, и ќе бидат спроведени во САД , Бразил, Јужна Африка и Малави.

Британскиот производител на лекови GlaksoSmitKlajn (GSK) произведе сосема нова инјекција -GSK744.

09.03.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега