Македонците од Албанија задоволни од Резолуцијата за заштита на малцинствата

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана  го поздравува усвојувањето на Резолуцијата од страна на Комитет на министри при Советот на Европа за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштитата на националните малциства, во која Република Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на македонско национално малциство на свој мајчин јазик во цела територија на Република Албанија.

За Македонското национално малциство во Албанија, стои во соопштението, ова е голем чекор и дава надеж дека Владата на Република Албанија и премиерот Еди Рама, ќе дозволи да се учи македонскиот јазик на цела територија на Република Албанија.

08.03.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега