Девојка се обесила во реално шоу

Учесничка на едно од најпопуларните јужнокорејски реални шоуа „Партнер“, се обесила додека камерите биле вклучени.

Се работи за 29-годишна девојка која била пронајдена мртва во куќата во која се одвива реалното шоу. Пред да си го одземе животот со бесење, девојката оставила проштално писмо во кое напишала дека не сака повеќе да живее. Таа се жалела на пријателите дека е отсликана како „трагична девојка“, затоа што во многу сцени била прикажувана како седи сама, за да се истакнат паровите учесници во шоуто. 

Шоуто било откажано, а организаторите се извиниле за несреќниот настан.

07.03.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега