Вељаноски упати покани за набљудување на предвремените парламентарни избори
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска упати покани за набљудување на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 27. април годинава, заедно со вториот круг од изборот на претседател на Република Македонија.
Според Изборниот законик, целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
-Претседателот Вељаноски, денеска, упати покани допретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, г. Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г-ѓа Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, г. Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите, информираат од македонското Собрание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа