Европските амбасадори ќе фрлаат цвеќе во водите на Вардар

 

Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставници на други меѓународни организации, денеска напладне ќе го одбележат Денот на жената, со фрлање цвеќе во Вардар од Камениот мост, во знак на сеќавање на жените жртви на насилство.

Церемонијата ја организираше Делегацијата на ЕУ во Скопје, со цел симболично преку цвеќињата да се пренесе пораката дека жените во иднина треба да бидат ослободени од секаков облик на насилство. 

Според последниот извештај од обемното истражување за насилството врз жените во ЕУ спроведено од европската Агенција за фундаментални права, „насилството врз жените ги нарушува нивните основни права како правото на достоинство, пристапот до правда и половата еднаквост. Воедно, се посочува дека секоја трета жена искусила физичко и/или сексуално насилство од 15-та година, една од 15 жени доживеала демнење, а секоја втора жена била соочена со некоја форма на сексуално насилство“.

- Ова создава слика на постоење широка злоупотреба што ги засегнува животите на многу жени, но и дека е појава за која систематски не се даваат извештаи до власите, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Борбата против семејсното насилство, како и другите форми на насилство врз жените низ целиот свет е цел која ја споделува меѓународната заедница и е високо на агендата на ЕУ. Секојдневно жени умираат од семејно или друга форма на насилство. 

07.03.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега