208 војници ќе дадат заклетва во велешката касарна

 

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, денеска ќе се одржи свеченост по повод давање заклетва на 208 војници на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари - 2014“.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменикот на началникот на ГШ на АРМ  генерал потполковник Насер Сејдини, командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости. 

Заклетва ќе дадат 208 војници од дваесет и втората генерација на доброволно служење на воениот рок.Тримесечната обука ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамки на  Командата за обука и доктрини.

 

07.03.2014 - 08:40
Фото: 
е-вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега