Алијансата за подобра Македонија од ДИК бара да води кампања и во претседателскиот молк

Алијансата за позитивна Македонија бара од Државната изборна комисија да и дозволи да ја тера кампањата за парламентарните избори и во време на предизборниот молк.

- Ние немаме претседателски кандидат и ќе учестуваме само на парламентарните избори. Ако ДИК не го одобри нашето барање, тогаш не става во понеповолна ситуација од партиите што учестуваат и во двата изборни циклуси. Сметаме дека сите треба да имаат фер и еднакви услови, вели професорот Владо Камбовки, пренесе Плусинфо.

Едниот викенд од кампањата за парламентарните избори е всушност молкот за претседателските, а другиот се Велигденските празници, а токму викендите се период кога најмногу се работи на терен со граѓаните, па затоа Алијансата побара ДИК што поскоро да излезе со решение за роковите кои се поклопуваат за да може двата изборни циклуси нормални да се одвиваат.

 

06.03.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега