Повисоки трошоците во градежништвото
Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последниот квартал од 2013 година бележат пораст од 1,4 отсто во однос на четвртиот квартал од 2012 година.
Во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на исто ниво, трошоците за материјали се повисоки за 0,2 отсто, а трошоците за вработените се пониски за 0,7 отсто, додека во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4 отсто, трошоците за материјали се пониски за 2,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа