Уапсени 8 лица и запленети 65 килограми марихуана - голема полициска акција во Охрид и Струга

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Одделот занедозволенатрговијасодрога при МВР во соработка со СВР Охрид и СВР Скопје на вчера (18.05.) на подрачјето на СВР Охрид реализираа два случаи на недозволена трговија со наркотична дрога - марихуана, при што се пресечени два меѓународни канали за НТ со марихуана на релација од Р.Албанија во Р.Македонија и запленети се околу 65 килограми марихуана, чија малопродажна вредност на нарко пазарот е околу 130 000 евра.

Во врска со случаите на заплена на марихуана извршени се седум претреси на домови и други простории, а седум македонски и еден албански државјанин се лишени од слобода. Одземени се околу 10.000 евра, еден пиштол марка „Бровинг“ и пет патнички моторни возила, со кои лицата го вршеле транспортот на наркотична дрога марихуана. 

  Врз основа на добиените сознанија и анализираните податоци, по претходно добиено сознание за можна купопродажба на марихуана, констатирано е дека вчера околу 16,00 часот лицето Б.С. (35) од с.Радолишта, струшко и албанскиот државјанин Л.Б. (33) од с.Раица, Либрежд, Р.Албанија кај Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" во Охрид на лицето А.В. (32) од Охрид му продале еден килограм марихуана. Во 16,30 часот на влез во Струга лицата Б.С. и Л.Б. се лишени од слобода, а при личен претрес над Б.С., пронајдени се и одземени 76.000 денари. Извршен е претрес во собата на А.В. во  Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" во Охрид и пронајдена и одземена дрогата (еден килограм марихуана). Истиот при обид за лишување од слобода скршил чаша со намера да ги нападне полициските службеници кои се обиделе да го лишат од слобода а се обидел и да скокне од вториот кат од болницата, но во намерата бил спречен и лишен од слобода.

   Во врска со заплената на наркотична дрога марихуана извршени се пет претреси на подрачјето на Струга и Охрид, при што во домот на Б.С. во Радолишта при претрес на ПМВ „Мерцедес„ со охридски регистарски ознаки во патничка торба во возилото, пронајдени се и одземени уште 13 килограми марихуана. Од слобода е лишено и лицето В.С. (33) од с.Радолишта, сопруга на лицето Б.С., која при вршењето на претресот, се обидела да сокрие 250 грама марихуана и дигитална вага, но истите се обезбедени од страна на полициските службеници. Покрај ова од слобода е лишено и лицето М.Т. (34) од с.Радолишта, кој по претходно дадени инструкции од страна на Б.С., требало да отиде кај него дома и од дворот да го земе ПМВ „Мерцедес„ во кое имало наркотична дрога марихуана и да го сокрие ПМВ и доказите.

Од страна на ОНТД при ЦСОСК на денеска (19.05.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.С., албанскиот државјанин Л.Б. (33),  А.В. (32) и В.С. (33) ќе биде поднесена кривична пријава заради сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 3 од КЗ на РМ.

Против М.Т. пак до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело казниво по член 24 – “помагање“, а во врска со член 215 став 3 од КЗ на РМ.

Исто така вчера по преземени мерки и активности околу 18,00 часот, кај Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Св. Еразмо" во Охрид на стариот пат Струга - Охрид , сопрено е патничко моторно возило „BMW 730„ со скопски регистарски ознаки управувано од лицето А.А. (23) од Скопје кој во возилото бил со лицата В.И. (25) и С.А. (22) и двајцата од Скопје. По дадената наредба на возилото да застане, лицата се обиделе да избегаат но набргу се фатени и лишени од слобода. При извршениот преглед на патничкото моторно возило, во багажникот, пронајдени се и одземени 51 пакувања со наркотична дрога марихуана или околу 50 килограми марихуана.Утврдено е дека тие во текот на вчерашниот ден по претходен договор со НН лица од Албанија, за неутврдена цена набавиле околу 50 килограми марихуана со цел истата да ја транспортираат до Скопје за понатамошна продажба.

Во врска со случајот на заплена на наркотична дрога марихуана извршени се два претреси на подрачјето на Скопје, при што кај лицето А.А. пронајдени се и одземени се 433.900 денари, 125 таблети сина боја во форма на срце. При претрес на дом и други простории на В.И. одземен е еден пиштол марка “BROWING“ кој го поседува без дозвола.

Од страна на ОНТД при ЦСОСК денес година до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против А.А. (23), В.И. (25) и С.А. (22) ќе биде поднесена кривична пријава заради сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 3 од КЗ на РМ, а В.И., дополнително ќе биде пријавено и за сторено кривично дело – “недозволено држење на оружје или распрскувачи материи“ казниво по член 396 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на ОНТД се преземаат натамошни интензивни мерки и активности со цел утврдување и на други лица инволвирани во случаите.

(Интегрален текст од соопштение на Министерството за внатрешни работи) 

најчитано сега