ОМД со повик до дијаспората да гласа на претстојните избори

 

Обединетата македонска дијаспора покрена кампања за поголем одзив при гласањето на македонските државјани во странство, на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори во април.

- Гласањето на избори е демократско право, но исто така и демократска обврска, не само за луѓето во државата, туку и за тие во дијаспората.

Претседателот на ОМД Мето Колоски ги повика сите граѓани кои живеат во странство да се пријават за гласање, во дипломатските претставништва или преку интернет страницата на Државната изборна комисија: http://www.sec.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=218:prijava&catid=33&Itemid=1278&lang=mk .

ОМД воедно побара од македонските партии во идина да се постигне решение за дијаспората да може да гласа и преку интернет, за да се олесни гласањето: - За заедницата во Лос Анџелес, зборувам во мое име, а верувам и во име на другите шти живеат таму, гласањето за нас е се уште тешко изводливо бидејќи не постои начин да се гласа преку пошта или електронски. Најблискиот конзулат е во Чикаго, на 3.300 километри оддалеченост. Тоа е далечина како од Скопје до Лисабон, изјави Димитар Насев од Лос Анџелес.

06.03.2014 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега