Владата ќе стипендира докторанти на реномирани универзитети

Владата денеска објави конкурс за доделување стипендии на лица кои ќе успеат да се запишат на докторски студии на еден од 100-те најреномирани универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки, соопшти портпаролот на Владата Александар Ѓеорѓиев, информирајќи дека конкурсот ќе трае до годината.

- Докторските студии треба да бидат до максимум 4 години по што лицето ќе има обврска да се врати во земјава и да работи во својата област најмалку две години за секоја за која добил стипендија,  рече Ѓеорѓиев.

Владата идната недела ќе распише уште два огласа, за стипендирање студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп, на специјализираната програма што се спроведува со Универзитетот Френклин од Охајо, САД, како и за кофинансирање магистранти на Универзитетот Шефилд од Велика Британија во Солун.

- Ги повикуваме сите млади луѓе да ги искористат можностите што ги нуди Владата, да стекнат повисоко ниво на образование без никакви трошоци. Целта е да стекнат подобри вештини и перформанси кои многу ќе им значат во натамошната професионална реализација, како и во обезбедувањето сопствена егзистенција и придонес за развој на државата, истакна портпаролот.

Докторантите треба да имаат најмногу 35 години, просек минимум 8,5, меѓународно признат сертификат за соодветно познавање англиски или јазик што се зборува во земјата на студирањето, објавени три научно-истражувачки труда во претходните три години, како и препораки од професори доколку е вработен.

- Ако се запише на еден од универзитетите за кој важи стипедијата, кандидатот го известува Министерството за образование кое, во рок од 10 дена, е должно позитивно да му одговори, потенцира Ѓорѓиев.

Конкурсот за Економскиот факултет во Прилеп ќе важи до 1 јули 2013 година. Обезбедени ќе бидат пет целосни стипендии и 10 за кофинансирање 50 отсто од трошоците. тудентите ќе имаат можност за престој во САД, а по завршување на образованието ќе стекнат американска диплома со повиско ниво на вреднување во светски рамки.

За Шефилд се планирани 20 комплетни стипендии од 15.000 евра кои ќе се реализираат во соработка и партнерство со претседателот Ѓорге Иванов.  Кандидатите треба да имаат просек повисок од 8, соодветно познавање англиски јазик, работно искуство и да бидат постари од 24 години. Овој конкурс ќе трае до 15 септември.

Тој потсети дека се уште трае, до 31 август, и конкурсот за комплетно стипендирање додипломци и магистранти кои ќе се запишат на еден од најдобро рангираните 100 универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки. 

најчитано сега