Баба Марта со триста ума: Утре малку сонце малку дожд

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а на планините се локален снег.

Утринската температура ќе е движи од нула до пет, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со повремен локален снег.

 

05.03.2014 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега