СДСМ на конгрес ќе ја потврди кандидатурата на Пендаровски

 

СДСМ вечерва во хотелот „Александар Палас“ го одржува 16. Конгрес под мотото „Македонија заслужува претседател“ на кој се очекува да биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.

На почетокот на Конгресот обраќање пред присутните ќе има лидерот на партијата Зоран Заев, по што ќе следува работниот дел, кој ќе биде затворен за медиумите. По неговото завршување, ќе се обрати партискиот кандидат за претседател на Република Македонија.

Извршниот одбор на СДСМ минатата недела едногласно одлучи да му предложи на Централниот одбор единствен кандидат за претседател на Република Македонија да биде Стево Пендаровски.

Партијата тогаш соопшти дека постапката за предлагање и евидентирање на кандидатите била спроведена во сите 76 општински организации на СДСМ. Биле предложени вкупно 26 кандидати од општинските организации, а во тесен круг биле осум кандидати. Стево Пендаровски бил предложен од сите општински организации на СДСМ.

Пендаровски формално ќе биде кандидиран со поддршка од 30 пратеници на опозицијата.

04.03.2014 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега